Мицкоски: Јавното Обвинителство да поднесе кривична пријава за злосторничко здружувањe

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да отоври истрага во врска со случајот кој беше објаве денеска од партијата според која полициски службеници се здружиле за организирано малтретирање на граѓани во изборна кампања. Мицкоски рече и дека докази се доставен и до меѓународната заедница.

„Да, имаме повеќе вакви докази што се доставени до меѓународната заедница, го повикувам и обвинителството да излезе со истрага и таа истрага да кулминира со кривична пријава, бидејќи таму имаме повеќе од 40-тина полициски службеници кои што се блиски до владејачката партија до СДСМ, гледате таму каква реторика има, гледате каков е речникот на тие луѓе кои што треба да бидат пример во средините каде што функционираат, за жал тие се само од тоа што го прочитав не се пример во општината и предизвикаа една жестока турбуленција во мојот стомак и едно чувство на гадење. Повеќе од двајца, според кривичниот законик е злосторничко здружување, така што го повикувам обвинителството веднаш да постапи затоа што ќе даде лош пример, а ќе даде лош пример во насока на обесхрабрување на граѓаните бидејќи нема правда во оваа држава, ако тоа може да го прават на најголемата политичка партија во Македонија и ако тоа може да го прават на идниот градоначалник на таа општина станува збор за општина Прилеп каде што Борче Јовчевски убедливо победи, би рекол 2 спрема 1 наспроти неговиот политички противник кандидат за градоначалник, тогаш како ние граѓаните можеме да се чувствуваме безбедни, кога истите тие што треба да се грижат за нашата безбедност всушност ја загрозуваат нашата безбедност. на ова мора да му дојде крајот и затоа го повикувам обвинителството веднаш да постапи според овие индиции“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски

Мицкоски: Обновената музејска поставка во Археолошкиот музеј е потврда дека земјава има длабоки корени и јасна визија за иднината

Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид е силен доказ дека Македонија

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски го искара Касами: Да не влегува во фолклорот на ДУИ, туку да зборува за проекти

Катерина Ѓуровски