Мицкоски ја враќа земјата 30 години нaзад со дискриминација и мајоризација, реагира ДУИ

Од:

Парадоксално е што премиерот зборува за „невраќање во 2001 година“, додека секојдневното практикување на владеењето на неговата влада е враќање назад во времето: кон дискриминацијата, мајоризацијата, исклучувањето и кршењето на правата на Албанците и другите заедници, се вели во реакцијата на ДУИ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, што ја пренесуваме во интегрална форма.

Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор, кој денес отворено се прекршува од актуелната влада.

Наместо да нѝ држи лекции околу тоа за што треба да зборуваме, премиерот треба да им објасни на граѓаните зошто:
• го укина на противуставен начин правичното и соодветно застапување како уставна вредност што произлегува од Охридскиот договор,
• мајоризацијата се врати во одлучувањето, дури и во Уставниот суд каде одлуките сега се усвојуваат со етничко надгласување,
• неговата партија предложи укинување на Законот за употреба на јазиците, а тој е најголемиот застапник на идејата за негово непочитување,
• во администрацијата Албанците се дискриминираат,
• албанскиот јазик се игнорира од институциите,
• албанската дијаспора е исклучена од процесите на одлучување и од финансиската поддршка од власта, вклучувајќи го и противуставното намалување на бројот на општински советници,
• развојните проекти во албанските општини се блокираат, а инвестициите ги заобиколуваат областите каде живеат Албанци,
• концептот на „српскиот свет“ е претворен во државна политика, потврдено и во последниот извештај на Европскиот парламент,
• ја блокира европската иднина,
• се избегнува од ветинг,
• не ја поддржува иницијативата за истрага на секој функционер,
• се избегнува од истрага за процесот на приватизација.

Сега го поставуваме прашањето: кој нѐ враќа 30 години назад? Вие или ние?

ДУИ зборува за иднината, за развојот, за меѓусебната почит, но нема иднина без правда и еднаквост. Оној што ги заборава неправдите од минатото, ги повторува во иднината. Ние нема да дозволиме неправдите од пред 2001 година да се повторат преку злоупотреба на власта и институциите, туку ќе инсистираме на зачувување на мултиетничкиот карактер на државата и целосно почитување на Охридскиот договор, бидејќи тоа е темелот врз кој треба да се гради секоја политика, секоја инвестиција, секое училиште и секоја автопатска делница.

Кандидатите и победниците на изборите треба да бидат преферирани и избрани од народот, а не по желбите, преференциите и фаворизирањата на премиерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар

Мицкоски: Хаќим Рамадани откако ќе ги изгуби најпрво изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од позицијата

Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

А1он

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг од изборите гласаа за Македонија

А1он

Мицкоски: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, гласајте за 9

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, велат од СДСМ