Мицкоски изрази сочувство за загубените човечки животи по големиот земјотрес во Албанија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Мицкоски изрази најдлабоко сочувство за загубените човечки животи по големиот земјотрес кој го погоди градот Драч.

Тој посочи дека овие тешки мигови кај човекот ги истакнуваат најсветлите човекови карактеристики како солидарноста, помагањето и хуманоста и токму поради тоа во овие моменти е потребна обединетост со една цел, помош на семејствата на настраданите и повредените.

„Ваквите трагедии покажуваат дека е потребно надминување на разликите и дека е важно меѓусебното почитување“, додаде Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека вакви природни катастрофи не се непознати за македонскиот народ и Македонија, па поради тоа ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвено да помогне на секаков начин.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат