Мицкоски: Имаме ново парламентарно мнозинство

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави фотографија со Димитар Апасиев од Левица, Арбен Таравари и Халил Снопче од Алијанса за Албанците, Аријанит Хоџа од БЕСА и Африм Гаши од Алтернатива, со наслов дека има ново парламентарно мнозинство.

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски.

Претходно денеска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека според него БЕСА нема да ја напушти Владата, бидејќи тоа не би и било од полза на партијата.

Додека генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа информираше дека партијата денеска и утре ќе продолжи со консултации внатре во партијата за да одлучи како ќе дејствува понатаму.

Прашан поконкретно дали БЕСА е поблиску до напуштање или останување во коалиција, Хоџа рече дека дури и партијата да одлучи да продолжи да биде дел од сегашното владејачко мнозинство, тој како министер повеќе нема да бидам дел од тоа мнозинство.

 

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија