Мицкоски: Имаме индиции кој ја фрлил експлозивната направа во објект на Мисајловски

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека разговарал со Владо Мисајловски за фрлената експлозивна направа и дека ги знае деталите.

– Индициите се дека ги знаеме сторителите, врз основа на информациите кои ги добив, патувајќи кон Куманово. Има индиции за сторителите на ова дело, го охрабрувам МВР, СВР Скопје, надлежните, што побрзо да го расветлат ова недело. Јас сум свесен за стравот којшто определени структури политички, политичари го чувствуваат поради дебаклот којшто ќе им се случи на 15 јули и ги повикувам да не конструираат вакви сценарија, бидејќи и после 15 јули треба да има живот во нашата држава, рече Мицкоски.

Тој рече дека вакви сценарија не се добро за никого, бидејќи може да биде лошо и за државата, бидејќи треба да се почнат преговори со ЕУ, за да стане членка на Унијата.

Тој го осуди овој чин и порача дека не се плашат.

– Напротив, ако тоа им е целта на овие криминалци диригирани од еден центар на моќ и оркестрирани и сценарирани од страна на власта, декa не им се плашиме, напротив ова повеќе не мотивира, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ќе чекаат институциите да го расветлат настанот, а доколку тоа не се случи вети дека после 15 јули „ќе ги стигне правдата и ќе бидат пример како се постапува во новата Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кога прaвдата ќе затропа на вратите на злосторниците и криминалците коишто ја злоупотребуваат сегашната ситуација за да спечалат политички поени“.

Би можело да ве интересира

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

Мерките за горивата ќе го чинат Буџетот 6-7 милијарди, можен нов ребаланс

ВИДЕО: Мицкоски бара смена на директорот што го издаде „Македониум“ за спот

Филипче: Со изолацијата од ЕУ Мицкоски изгради ѕид околу земјата – граѓаните ја плаќаат цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Во преговорите со Бугарија, логично е присуството на ЕУ

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски