Мицкоски: Има најави од европратеници дека нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски жали што во 21 век на талибански начин од Извештајот за напредокот на земјава во ЕП се сака да се извадат македонскиот идентитет и јазик, кои како што нагласи, првпат се споменуваат во изминатите 35 години, но вели, добро е што граѓаните конечно можат да ги видат резултатите од политиките на претходната влада.

– Авантурата од 2022 година пред се инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на санираниот мост во Башино Село, Велес.

Додаде дека амандманот за бришење на македонски јазик и македонски идентитет нема да го поддржат голем број пратеници од ЕП, исто како и известувачите во сенка.

-Голем број пратеници кои се членови на Европскиот парламент се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за тој амандман, кој ќе го поднесе некој, којшто има за цел на талибански начин да се избрише од Извештајот што е на маса и за првпат од осмостојувањето на нашата земја опфаќа македонски идентитет и македонски јазик, кои досега никогаш во изманинатите 35 години не се појавиле во некој извештај. Исто така, и оние кои се известувачи во сенка не верувам дека ќе го поддржат тој амандман, рече Мицкоски во одговор на прашање за очекувањата од утрешното гласање по Извештајот.

Тој изрази жалење што во 21 век во Европа има такви европратеници кои го оспоруваат идентитетот на еден малуброен народ во Европа и неговиот мајчин јазик и прават да стане предмет и камен на сопнување во Европскиот парламент, кој треба да биде лулка на демократијата во која се почитуваат човековите права.

Би можело да ве интересира

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он

Беа на ист настан, премиерот не кажа до кога Лимани ќе биде министер

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Мицкоски: Квалитетот на животот, а не бројките, е суштината на демографските политики

(ВИДЕО) Предвремени избори годинава нема да има, Мицкоски не вели НЕ за гласање следната година

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан