Мицкоски и Курте ќе се сретнат в понеделник во Скопје објавија косовските медиуми

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти в понеделник, на 5 август, ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со неговиот македонски хомолог, Христијан Мицкоски, дознава македонското дописништво на приштинскиот портал „Газета експрес“.

Неименувани извори на порталот од владејачките структури во Скопје тврдат дека средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе се одржи задутре во 10 часот, а на неа ќе присуствуваат и членови на македонската Влада од редовите на каолицијата „Вреди“.

Како што пренесува МИА, во косовската делегација која ќе го придружува Курти за време на престојот во Скопје ќе биде и вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала.

Приштинскиот медиум напоменува дека посетата на Курти на Скопје се случува во време кога Косово упати протестна нота до Северна Македонија поради инцидентот што се случи на Скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, кога, според официјална Приштина, аеродромската полиција побарала од неа да ја предаде личната ташна и мобилниот телефон за скенирање, по што дошло до судир меѓу обезбедувањето на косовската претседателка и членови на аеродромското обезбедување.

Македонското МВР, пак, во четвртокот вечерта соопшти дека обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши им се заканувало на вработени во ТАВ кои побарале од претседателката на Косово, Вјоса Османи да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. Од ТАВ Македонија соопштија дека одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапило во рамките на своите овластувања и спровело стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП – салонот со што, велат оттаму, воопшто не била загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски