Мицкоски го информираше Бартол дека не се враќаат во Собранието додека не се создадат услови за демократско функционирање

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес придружуван од Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Македонија.

На средбата се разговарало за приоритетите на Република Македонија за нејзино членство во НАТО, актуелните политички случувања во земјата, како и за реформските процеси.

„На средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, истакна дека стратешка определба на Македонија е полноправно членство во НАТО . Мицкоски посочи дека членството на Македонија во НАТО останува интерес и цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така на средбата Мицкоски го информираше Бартол за политичкиот прогон на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија од страна на власта, како и за одлуката за неучество во работата во Собранието на пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на Собранието.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги поддржи реформските процеси за кои ќе оцени дека е во интерес на државата, но исто така е потребна активност и добра волја од страна на власта преку конкретни чекори со кои ќе ја потврди сериозноста во пристапот за реформските процеси кои треба да се спроведат.

На средбата стана збор и за престојната посета на Македонија на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и за билетералната средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски