Мицкоски и Ѓорчев на молитвениот појадок организиран од Трамп

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (08 февруари 2018та година) заедно со членот на Извршниот Комитет, Влатко Ѓорчев присуствуваше на 66-тиот молитвен појадок кој во Вашингтон беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Настанот беше искористен за разговори со повеќе претставници на Белата Куќа, сенатори и конгресмени, како и влијателни политичари од целиот Свет со цел јакнење на стратешкото партнерство со САД и потврдување на заедничкото пријателство како и лобирање за интересите на Македонија и афирмирање на целта за членство во НАТО.

Истовремено можноста за разговори беше искористена за воспоставување на контакти на ВМРО-ДПМНЕ, објаснување на позициите по клучните прашања и пренесување на загриженоста за повеќе актуелни политички и економски состојби во Република Македонија пред се поврзани со недостатокот на дијалог власт-опозиција за повеќе клучни прашања, политички мотивираните притисоци и економската стагнација која се одразува на стандардот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче