Мицкоски ги повика Македонците да летуваа дома, за ЕЕС вели има разговори во ЕУ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на прекрасните места што ги има Македонија.

– Јас не би коментирал премногу за тој начин на однесување. Имаме одредени разговари во рамките на ЕУ како би се надминало тоа. Но, ако претствуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера, во македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна татковина немаме – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по панихидата одржана по повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.

Прашањето со примената на ЕЕС-сисмемот во земјата стана актуелно откако од 1 април почна целосно да се спроведува и за празниците се формираа долги колони на македонско-грчката граница, каде што се чека и по неколку часа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Мицкоски: ЕУ препозна дека некои земји го злоупотребуваат ветото, Македонија има големи шанси со постепената интеграција

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија