Мицкоски: Единствената работа која што во овој момент расте и се движи напред се камионите на фамилијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со граѓани и состанок со општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струга. Мицкоски се осврна на неостварените ветувања на актуелната влада. Што се случува сега, ветуваа 500 евра просечна плата, 30.000 денари, ветуваа 100.000 денари просечна плата за докторите, ветуваа нови 600 километри автопат ветуваа повеќе субвенции за земјоделците, ветуваа поголеми стипендии и повеќе можности за младите, ветуваа поголеми пензии за пензионерите, ветуваа живот за сите. А што донесоо? Донесоа чемер, јад и разочарување, изјави Мицкоски.

Мицкоски изјави дека единствено што оди напред се бизнисите на картелот на вчаст додека се друго назадува.

– Секогаш кога идам низ Македонија и кога се движам и кога разговарам со луѓето ги прашувам дали има нешто што јас не гледам? Дали има нешто што навистина добро го прават и ако навистина добро го прават да можам да се обидам да им стегнам рака и да им кажам ова навистина добро го направите. Дали овдека во Струга има нешто што добро го направиле? Еве кажете ми Вие да ги пофалиме за тоа. Сите се согласуваме дека нема такво нешто. Секаде каде што стапнав во Македонија, истиот одговор го добивам. Тоа ли го заслужуваме како народ, тоа ли го заслуживме како нација? Ние тоа не го заслуживме. Не само ние, тоа не го заслужија ни Стружани. Тоа не го заслужи нити еден град во Македонија, ниту една етничка групација во Македонија, рече Мицкоски.

– Суштината е поинаква. Единствена работа која во овој момент расте, и единствена работа која што во овој момент се движи напред се камионите на фамилијата. Единствена работа која во овој момент се сее се плантажите со марихуана на фамилијата. Единствена работа која во овој момент цути се пупките во судството кои на Зоран Заев ќе му овозможат ослободителна пресуда. Тоа е она што во овој момент оди напред. Камионите на семејството и фамилијата, плантажите со марихуана и пупките во судството за да можат на Зоран Заев да му обезбедат ослободителна пресуда да ве направат сите Вас слепи при очи и глуви при уши. Тоа е единственото нешто што и го понудија на Македонија, рече Мицкоски.

– Второ што и понудија е како да ја заковаат Македонија на дното по раст на бруто домашниот производ, изјави Мицкоски.

Тој изјави дека оваа трета генерација на политичари од ВМРО-ДПМНЕ има за задача да ги порази последните остатоци од транзицијата кои сега владеат со државата, а почетокот на тој пад почнува на 2 јуни со општонародниот протест а ќе заврши се до конечно заминување на оваа влада.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања