Мицкоски: Единствената цел на владата на Заев е омаловажување на македонскиот народ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска по повод Божиќната средба се обрати пред голем број на граѓани, членови и симпатизери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

Мицкоски пред присутните истакна дека СДСМ пред две години ветувале живот за сите граѓани на Република Македонија, но после две години од нивните ветувања донеле само црнила, односно како што рече тој самите граѓани се сведоци на голем број на злоупотреби, уцени, насилства, лаги и измами од владата на СДСМ и Заев.

– Пред нешто повеќе од две години шетаа по плоштадите, улиците, одеа од куќа во куќа, од двор во двор, од стан во стан, од маало во маало и ветуваа дека живот ќе донеле. Не само што не донесоа живот, туку пекол владее секаде низ Република Македонија. Прашајте од младо до старо, од машко до женско о д баба до дедо, од внук, внука, маж жена, секаде можете да слушнете сведоштва на злоупотреби, криминал, лаги и измами.Тоа што денеска се случува во Република Македонија браќа и сестри, ни најмалку не наликува на она што го ветуваа за време на предвремените парламентарни избори во 2016, а уште помалку за време на локалните избори во 2017 година, вели претседателот Мицкоски.

Според Мицкоски, единствената цел на владата на СДСМ и Зоран Заев за овие две години била да омаловажување на македонскиот народ, како и распродажба на националните и државните интереси. Тој додаде дека и покрај обидите на скапо платените механизми да прикажат некој успех во актуелната влада, граѓаните препознавале само предавство, потенцирајќи дека предавството е единствен атрибут за спас нивните политички кариери.

– Единствена цел, овие речиси две години беше омаловажување, понижување и распродажба на македонските национални интереси. Освен материјалното, можете да го препознаете и предавството. Предавството е основен атрибут за спасот на нивните политички кариери, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски