Мицкоски досега потрошил на 60 илјади евра за рекламирање на Фејсбук тврди СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека Мицкоски троши илјадници евра месечн за лајкови на Фејсбук. Додека граѓаните едвај преживуваат во услови на енормни поскапувања, додека нема пари за поголеми плати и додека нема лекови, Мицкоски троши илјадници евра на Фејсбук за лајкови, велат од СДСМ.

– Само една од неговите реклами чини 600 евра – сума поголема од минималната плата што самиот им ја „препорачува“ на граѓаните како доволна за цел месец. Трошоците во изминатиот период покажуваат дека Мицкоски потрошил над 60.000 евра за рекламирање на Фејсбук. Овој расипнички однос е доказ за огромното лицемерие и аздианост на оваа власт. На Мицкоски приоритет му се лајкови на неговите слики и видеа на Фејсбук, додека народот се бори како да го истурка месецот. Ваквиот однос само потврдува дека за оваа власт граѓаните се на последно место, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП