Мицкоски: Доколку Заев не ја достави оставката, ќе изгласаме недоверба на неговата Влада

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја достави оставката до Собранието, новото парламентарно мнозинство нема да изгласа доверба на неговата Влада.

„Обезбедивме мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа Влада предводена од Зоран Заев е минато“, рече Мицкоски.

Тој вели дека сепак ќе почекаат, бидејќи утре е сабота и не знае дали Собранието ќе работи за да може Заев да ја достави оставката.

На прашањето дали ќе има нови избори, Мицкоски одговори дека сите опции се отворени.

„Едната опција е да се окрупни опозицијата и да има ново мнозинството кое ќе изгласа недоверба на владата, и другата опција е да одиме на брзи парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение

Мицкоски: Отворени сме за разговори за нов општ колективен договор

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Администрацијата мора да донесе поквалитетни услуги за граѓаните и бизнисот

Горан Наумовски