(ВИДЕО) Мицкоски: Додека Заев се слика, јужниве слават

Од:

Додека Заев се слика, јужниве слават, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Битола. Тој рече дека и покрај беспарицата и невработеноста, лошите услови во здравството и обраозванието, Македонија се соочи со најголемото предавство – потпис на договорот за промена на уставното име.

– Македонија е нашето име. Тоа се изговара со посебно чувство и почит. Македонија е она што сме и ќе останаме, тоа е нашата татковина и дедовина. Македонија останува нашата иднина, рече Мицкоски и додаде дека на Македонија сега ѝ се потребни енергијата и мудроста на народот.

– Не престанувајте да го употребувате името Македонија. Македонија е основна причина за секој наш чекор. Нашите претци ги положиле своите животи за независна Македонија. Тоа било борба за човечки правдини, без разлика на етничката припадност. ВМРО-ДПМНЕ е за заеднички покрив, под кој сите живееме, продолжи тој..

Мицкоски додаде дека иако денес е роденденот на партијата, тие не слават бидејќи ова се тешки околности.

– Македонија е зафатена од ураган наречен Зоран Заев. Но иднината зависи од нас, не од него. Заев и СДСМ овој договор го претставуваат како победа, но всушност е пораз. Со договорот е променет идентитетот на Македонците, рече Мицкоски и додаде дека со сите демократски методи ќе се борат против промената на уставното име.

– По ниту една цена нема да ја поддржиме капитулацијата на Заев. Ќе дојде часот кога ќе одговараат пред граѓаните, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно кажа дека на овој ден се основани месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери