Мицкоски: Доаѓа денот кога сите вие криминалците обединето и сложно ќе одговарате

Од:

Ве тресам јас четврта година по ред, затоа што сте уплашени дека доаѓа денот кога сите вие криминалците обединето и сложно ќе одговарате, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Јас сум генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од август 2017 до декември 2017 година. Вие ќе продолжете да се тресете од стравот дека нема договор со мене, бидејќи јас не се договарам со криминалци“, вели Мицкоски.

На овој негов став со реакција излезе СДСМ.

„После најновиот потрес предизвикан од громогласниот фејсбук статус на Мицкоски, СДСМ е во длабока дилема дали е посилно тресењето на локалните избори во 2017 или на последните парламентарни избори кога тој остана во опозиција?

СДСМ длабоко анализира и дали Мицкоски посилно стресе кога загуби на изборите во Охрид и Ново Село или на последните избори во Штип од кои побегна“, реагира СДСМ на ставот на Мицкоски.

„Или можеби гората се стресе од Мицкоски на референдумот кога 660 илјади граѓани излегоа и го покажаа патот по кој денес одиме, додека тој “громогласно” молчеше без став по кој знае кој пат.

Или можеби најсилно тресна Мицкоски кога не успеа да го спречи Законот за Јавно обвинителство и да ги одбрани криминалците?

Полека Мицкоски ти следат уште порази, доаѓаат нови избори на нив ќе треснеш по седми пат“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата