Мицкоски до СДСМ: Вие не враќате во времето на едноумието

Од:

Повеќе од 19 месеци се централна влада во Република Македонија и повеќе од една година се локално раководство во најголемиот дел од градовите на нашата татковина. Што ни се случи изминативе скоро 19 месеци централна власт и повеќе од 1 година локална власт? Црнила и темнина – вака го почна својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Протестниот марш, кој опозициската партија го одржа во Велес.

„Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017. За сите ветувања кои што не ги исполнија и за сите очекувања кои што не ги реализираа, се дотогаш ќе зборувам за економијата. Затоа што ако имаме силна економија ќе немаме ваква недостоинствена и криминална влада и ќе немаме ваков премиер аболиран кои што сите ние го гледавме и слушавме како бараше евро за него, евро за црквата“, рече Мицкоски во обраќањето пред присутните симпатизери.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на своите политички ривали им порача дека, како што рече, измамениот народ ќе им врати на следните претседателски избори.

„На нас, на нас ни е неопходна победа и ве повикувам сите вас да застанете до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, за да може да победи и да може да си ја одбраниме Македонија и тоа што остана од нејзе, а другото што го загубивме да си го вратиме. Затоа ве молам и барам поддршка од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Подобра Македонија“, посочи тој.

Потоа Мицкоски повторно се наврати на економијата, затоа што, како што кажа, економски силна држава е достоинствена држава.

„Ветуваа 5 проценти раст на БДП, кога целиот регион книжи двојно поголеми стапки на раст од нашиот, они се горди и велат еве со нашата пиши-бриши економија успеавме да покачиме во еден квартал 3 проценти. Зарем тука завршија сите ветувања од 5 проценти. Но, она што е полошо допрва доаѓа, а тоа ќе се случи во 2019 година и не го зборувам ова за да поткревам паника меѓу граѓаните, туку да предупредам на сите црнила и темнини кои што допрва ни доаѓаат. Не за бадијала ги зголемуваат даноците, затоа што се свесни дека не можат да ја зголемат економијата со проекти, визија и структурни реформи“, рече лидерот на опозициската партија.

Мицкоски истакна дека даноците кои Владата планира да ги зголеми немаат цел да земат од богатите за да им дадат на сиромашните.

„Не е тоа целта на овие даноци. Целта е да ги осиромашат и земјоделците да ги осиромашат и оние граѓани кои издаваат определени недвижнини, оние граѓани кои што играат игри на среќа и се обложуваат, оние граѓани кои што работат како договорци на дело, затоа што персоналниот данок го зголемија и затоа што удираат директно по џебот на граѓаните и ќе ги осиромашат“, подвлече тој.

Во своето обраќање тој зборуваше и за здравството.

„Зборуваа 100.000 денари за докторите, а едвај им ги зголемија платите за 500-600 денари месечно линеарно, па сега веднаш поитаа и тие скромни 500-600 денари да им ги земат, им го покачија паркингот на докторите во Скопје и веднаш наместо 500, 600 денари зголемување, оп 850 покачување. Скоро 19 месеци шајка не заковаа во здравствените домови ширум Македонија. Шајка не заковаа, не можат да го искречат и тоа што некој го изградил, а луѓето умираат пред да добијат здравствена нега пред портата на болниците“, кажа Мицкоски.

„Удрија и на земјоделците. Ги лажеа, викаа и урлаа ширум Македонија, кога ќе дошле они само да си отишол режимот, ќе дошле они и ќе има загарантиран откуп на земјоделските производите и загарантиран пласман. Не само што тоа не се случи туку гледаме како на буниште се истура родот на земјоделците кој што со мака е направен. Гледаме каде завршуваат и јаболките и сливите и пченицата и бостанот и зелките, на буниште. Е токму поради оваа лага и токму поради оваа манипулација граѓаните и земјоделците ќе ви го покажат вистинското место кога ќе дојдат следните избори, а тоа е на темната страна на историјата и право на буниште, од првиот Зоран Заев до последниот, а тоа е министерот за земјоделие“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски одговори и на обвинувањата од СДСМ и рече дека неговата партија е антизападна онолку колку што е Зоран Заев чесен политичар и додаде дека нема да престанат да зборуваат за неправдите на плоштадите и по улиците.

„Вие не враќате во времето на едноумието, кога луѓето не смеат да кажат нешто што вам и на вашиот афрички монарх аболицираниот политичар Зоран Заев нема да му се допадне и на неговите поданици ширум Македонија и тогаш луѓето ги собирате на информативен разговор. Па Ранковиќ вака не правел во 40-тите години на минатиот век. Зарем таа Европска Македонија или добивме наместо Европска Македонија на ветување афрички монарх кој што ќе го поразиме на следните избори и ќе го казниме за сето ова што и го прави на Македонија“, рече Мицкоски.

Тој во Велес се осврна и на бараниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев и го повика да се охрабри и излезе.

„Го повикав јас и тој, како претседател на владата и претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија и најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, да застанеме еден спроти друг, да се погледаме очи во очи и да си кажеме за сето она што не можеме да си кажеме ширум плоштадите. Ама ќе збориме и за пљачката, криминалот за националното опустошување, за јазикот за македонската нација за криминалот што го правиш со твојата фамилија. И тоа јас и ти пред народот и граѓаните на Република Македонија па они нека судат и нека пресудуваат дали јас ја зборувам вистината или ти ја зборуваш вистината“, кажа Мицкоски.

На крајот од обраќањето во Велес, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку барања до власта.

„Прво бараме Оливер Спасовски веднаш, нека го посоветува тој кој што застана рамо до рамо со него, знае тој кој е веднаш ќе се препознае веднаш да замине, нека не ја повторува неговата грешка веднаш да замине ради сите нерасчистени убиства ради сиот криминал, ради црниот Вотергејт и затоа мора веднаш да замине и да поднесе неотповклива оставка. Како второ неотповиклива оставка од министерот за надворешни работи поради тоа што човекот се срами од сопствената според него искомплексирана нација. Трето да престане економското опустошување на Македонија. Веднаш да биде повлечен предлогот за зголемување на даноците во Република Македонија. Четврто да се почитува волјата на граѓаните јасно искажана на 30-ти септември за време на референдумот. Петто, да се формира комисија која што ќе ги истражи анализира и преслуша сите разговори снимени од аферата црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски кога повеќе од 2 години биле слушани обвинители судии да не им избегаат од нарачаните судски пресуди и судски одлуки. Шесто, вистинска грижа за здравјето на граѓаните. Веднаш и безусловно продолжување на проектот за гасификација. Не да кратите пари од гасификацијата и да ги пренаменувате во општини каде што вашите градоначалници и градоначалниците од коалиционите партнери ги опљачкале и ги опустошиле додека биле градоначалници“.

Мицкоски обраќањето во Велес го завржи со стихови од поетот Коста Солев Рацин роден во овој град. Тој рецитираше дел од поемата „Копачите“, завршувајќи со стихот „силно светнал ден“.

„Е така ќе светне денот кога зората ќе го победи теминлото. Кога зората ќе ги победи црнилата. До тогаш нашите емоции ќе одат нагоре, до тогаш нашиот мотив ќе расте и нашата бројка ќе биде се поголема“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања