Мицкоски до пратениците од СДСМ: Немојте да дозволите Ахмети, Еди Рама и раководството заради тендери да ја втурнат државата во пекол

Од:

Вчера слушавме пратеничка од Алтернатива која јавно на говорница кажа дека за време на ноемвриските настани во 2021 година македонската влада ја составувал Еди Рама и член на семејството на Адем Јашари. Тие ја составиле владата на СДСМ и ДУИ и Ковачевски со ова само потврдува дека е слеп послушник на Али Ахмети и уште пострашно Артан Груби, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека СДСМ никогаш не бил во полоша состојба и немал послабо раководство како актуелното кое работи само за провизии од тендери и ги повика пратениците од СДСМ со различен став да се одважат и да не дозволат овие луѓе да ја доведат Македонија во пропаст.

– СДСМ со ова раководство никогаш не бил во полоша состојба, и никогаш немал послабо раководство и тоа е работа на членовите и активистите. Тоа е партија која е присутна на политичката сцена повеќе од 3 децении како наследник на Сојузот на комунисти и има своја традиција и не би било добро овие луѓе кои денеска го водат СДСМ да го згаснат. Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија, истакна Мицкоски.

Тој ги повика да не бидат заложници на Али Ахмети, и да не дозволат повторно Еди Рама да ја составува идната влада на Македонија.

– Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски