Мицкоски до Ковачевски: Не бегај од дебата, ајде да ги соочиме аргументите за договорот за изградба на коридорите

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после денешната средба во Сојузот на стопански комори на Македонија со работна тема „Актуелните економски состојби и предизвиците пред инфраструктурните проекти и инвестиции“ одговараше и на новинарски прашања.

Мицкоски беше запрашан дали очекува премиерот Димитар Ковачевски да ја пријати неговата отворена покана за јавна дебата за договорите за коридорите 8 и 10-Д, при што посочи Ковачевски да не се крие и да не бега од Македонија, како што направи со актуелното долго патување, туку да се врати и пред македонската јавност да дискутираат за суштината на договорите.

Истакна дека суштината на овие договори е болна за сите генерации, дури и за оние кои не се родени.

„Јас многу пати во изминатиот период сум го повикувал, еве и оваа прилика ја користам да излеземе заедно пред македонската јавност, да дебатираме за суштината на договорите, бидејќи таа суштина ќе биде болна за сите генерации и оние кои што се неродени. Нека не се крие, нека не бега од Македонија. Знаеме дека е на подолго патување, на спринбринг патување, нека се врати, нека дојде да излеземе пред македонската јавност и да дебатираме. Ако ме убеди и ако ја убеди македонската јавност, тогаш опозицијата манипулира, како што тие љубат напати да речат во своите изјави од коалицијата ДУИ-СДСМ, но ако јас го разубедам, тогаш очекувам да понесе одговорност“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски