Мицкоски: Денес сме пред голем предизвик, судбоносен за земјава

Од:

Денес одново сме пред голем предизвик, овојпат судбоносен за иднината на нашата земја, зашто две работи се јасни: нашиот народ не живеел потешко време, и втората е што СДСМ и Зоран Заев ќе паднат. Ќе бидат поразени од народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Прилеп, во обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и годишнината од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во 1991 во Прилеп.

Според Мицковски, ВМРО ДПМНЕ не е само нивна партија, тоа е кодот на Македонецот, организацијата која во историјата ги дала, како што рече, најдобрите синови и ќерки на нашата земја. Чувар на огнот за Македонија веќе 126 години, од кои 29 години таа битка ја води ВМРО-ДПМНЕ. Обновата на Македонија и треба, рече, повеќе од било кога, за да се препороди, да се развие, за да се изгради здраво и витално општество.

– Ни треба работа, и ни треба постојаност. Постојанството за кое говореше Делчев. Тоа значи да бидеш горд на своите предци, на нашите херои, на идејата и делото на организацијата, на македонизмот кој е дел од нашата душа. 23 Октомври е датумот со златни букви испишан во нашата историја, и таа сила, тој труд и постојанство денес одново не крева за да ја донесеме обновата која насушно и треба на нашата мила Македонија. 23 октомври е инспирација, но и потсетник колку е скапа слободата која е издвојувана, но и колку треба да си ја чуваме и браниме Македонија, рече Мицкоски.

Според него, актуелната влада не може да понуди иднина, а Заев, како што рече, „ паѓа затоа што го издаде и не го следи Гоце Делчев, нема труд и постојанст“.

–Заев паѓа зашто тргуваше со Македонија, го даде она што на сите ни е свето, но за возрат не се доби ништо. Смени име и идентитет без да го слушне народот. Криминалот е голем и тој извира од врвот на власта, рече Мицкоски, убеден дека партијата ќе победи на предвремените парламентарни избори на 12 април. Порача дека претстои многу работа и дека главните предизвици ќе дојдат по формирањето на новата влада.

Ни престои обнова за која мораме да се избориме. А обновата е сонот за Македонија каква секогаш сме ја сакале и заслужувале. Горда, исправена, европски интегрирана, технолошки тигар на Балканот, со зони кои работат, со фабрики кои се отвораат, со здравство кое функционира. Нашата задача е да ја вратиме надежта кај луѓето и заедничката среќа. Да ги намалиме поделбите и омразата. Да постигнеме единство за националните прашања. Да донесеме правда. Мора да постои одговорност. Ќе го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се збогатија на грбот на народот, рече Мицкоски.

Истакна дека довербатаќе ја донијат со дела и проекти за подобар живот и дека државата мора, како што рече, „да ја ставиме на брза патека за влез во Европската Унија“. – Да направиме реформи и да добиеме датум за преговори, а потоа да ги отвориме поглавјата кои ќе го направат животот подобар. Не смееме да се однесуваме неодговорно и спрема националните прашања, тоа им го должиме на нашите предци, сите оние кои со глава го платија она што ние денес го живееме, а тоа е слободна, независна и самостојна Република Македонија, рече Мицкоски во обраќањето во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Тој им се заблагодари на партиските ветерани и истакнати членови за што се сториле во речиси тридецениското постоење на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбите и разговорите со прилепчани во центарот на градот, Мицкоски рече дека се уште не се одредени имињата на тие што од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат дел од техничката Влада.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ