Мицкоски: Да си подадеме рака и да се сплотиме за да си ги простиме грешките

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати порака до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан по повод празникот Велики Поклади – Прочка.

„Ваше Блаженство,

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади-Прочка.

Ова е денот кога секој од нас ја чувствува милоста Божја, кога бараме да ни се простат гревовите и им простуваме на сите оние кои што ни грешат. Покајанието и простувањето се патот кон спасението, но и духовното обединување на овој народ кој со векови ја негува оваа традиција. Токму признавањето на своите слабости и барањето прочка за нив човека го прават посилен за да се спротивстави на сите предизвици и премрежија.

Нека спокојот и мирот владеат во секој наш дом, а трпението и богоугодните мисли ни дадат божја мудрост како да ги пребродиме мрачните времиња кои му се закануваат на секој од нас и на нашата Татковина Македонија. Да си подадеме рака, брат на брат, сосед, пријател и ближен и да се сплотиме да си ги простиме грешките и од нив да изнесеме поука зошто само така ќе покажеме дека светоста на љубовта кон својата Татковина Македонија секогаш може да го победи мракот.

Нека е вечен празникот Велики поклади-Прочка!

Нека е вечен овој народ!

Нека е вечна Македонија“ е вели во честитката на Христијан Мицкоски по повод празникот Велики поклади

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“