Мицкоски: Да се обединиме со народот, како што и секогаш во минатото македонскиот народ се обединувал заедно со своите сограѓани

Од:

Пред историски најголемта победа сме, а од 16 јули треба да се засукаат ракавите и тој предизвик не е лесен, но колку што крајната цел е поголема, толку победата е поголема, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од селото Таринци во Општина Карбинци, од каде што караванот на Коалицијата „За Обнова на Македонија“ денеска на последниот ден од кампањата ги почна средбите со граѓаните.

– Да се обидиниме со народот, како што и секогаш во минатото македонскиот народ се обединувал заедно со своите сограѓани, кога било најтешко и се исправал пред многуброен и пред многу помоќен противник од ова раководство на СДСМ . Но, тогаш го победувал, така ќре биде и сега на 15 јули, пред голема, историски најголема победа сме ние на 15 јули, рече Мицкоски.

Забележа дека овие избори се поразлични, бидејќи, како што рече, народот одлучува за каква иднина ќе има, во каква држава сакаме потемци да живеат, но и какошто рече нашите предци да ги направиме горди. Затоа на овие избори, според Мицковски, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде два спрема еден.

– Јас уште од првиот наш собир во Охрид, во овие 19 дена кампања на предвремени парламентарни избори чувтсвувам една голема енергија, којашто се обединува без разлика на етничките разлики и верските разлики околу обновата. Чувствувам дека се буди пирејот во секој еден од нас, одлучен да победи и да стави крај на понишувањата и срамот, вели Мицковски.

Тој пред жителите на Општина Карбинци истакна дека се поразлични од нивниот противник и во делот на програмата што ја нудат, бидејќи, како што рече, покрај тоа што во неа има 1.000 проекти за секој граѓанини, истите ќе бидат исполнети.

На денешниот собир во Oпштина Карбинци се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата на Изборната единица 3, Игор Јанушев.

Јанушев истакна дека за уште само неколку денови следува големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Јанушев посочи дека три години во Македонија владеат криминал, корупција, лаги и манипулации.

– СДСМ се свесни дека ги очекува катастрофален пораз и секој ден безидејно се кријат еден зад друг, но излез нема.Радмила Шекеринска е една од низата манипулатори, лажговци и луѓе кои и нанесоа зло на Република Македонија. Пред неколку месеци Шекеринска изјави дека не го познава Боки 13, за пред неколку денови да признае дека снимката накоја што е снимена во друштво на Боки 13 и Катица Јанева е веродостојна, вели Јанушев.

Тој пред жителите на Карбинци говореше и што нуди програмата: повисоки, плати, пензии, но и исплата на субвенциите навреме, а како што рече, најважно за жителите на оваа општина е инвестирање во ситемите за наводнување, за што се предвидени 8-0 милиони евра, како и доизградба на експресните патишта Штип – Кочани и Штип – Радовиш. Јанушев ја побара поддршка и порача сите на 15 јули да излезат и да гласаат онака референдумски, уште од 7 часот, кога се отвараат гласачките места.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он