Мицкоски: Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот на српската етничка заедница во Република Македонија, Свети Сава.

„Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија,

Дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ве поздравам и да Ви го честитам големиот празник Свети Сава.

На 27-ми јануари српската заедница во Република Македонија го слави денот посветен на Свети Сава, српски светец и просветител, кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Неговото дело и учење оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, но и не обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина.

Ваквите празници се исклучително значајни во нашето заедничко почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните. Од тие причини, но и од почит кон српскиот народ, веќе единаесетта година по ред го прославуваме овој празник откако по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и со поддршка на претставниците на српската заедница, установивме Србите во земјава да добијат свој официјален празник и датум за прослава.

Поврзаноста помеѓу нашите народи не собирала на заеднички прослави во минатото и не собира на заеднички прослави и денес. Преку духот на празнувањето отсекогаш се гледала блискоста помеѓу народите. Меѓусебната доверба соработка и разбирање секогаш се темелеле врз почитување и врз негување на традициите на сите граѓани во Република Македонија.

Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка. Уверен сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите народи и со силна волја ќе градиме подобра и просперитетна Република Македонија.

Нека е честит големиот празник!“, се вели во честитката на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски