Мицкоски: Бугарија со овие позиции сака да не асимилира додека влеземе во ЕУ, владата треба да внимава што прифаќа

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавата на Кирил Петков за евентуално тргање на ветото и внесување на Бугарите во македонскиот Устав истакна дека тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со месеци наназад дека нашите билатерални проблеми и сите оние барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се Бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција.

„Па ако прецизно ја читате таа изјава од Кирил Петков ќе видите дека тоа што тој го зборува го зборуваме веќе ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично месеци наназад а тоа е дека нашите билатерални проблеми и сите оние барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се Бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција, но јас сум убеден дека земјите членки на ЕУ тоа нема да го дозволат бидејќи многу пати во минатото истите тие земји членки кажаа дека билатералните проблеми се само билатерални проблеми и тие никако не можат да бидат мултилатерални односно проблеми на земјите членки на ЕУ со земјите кои што се аспиранти, односно кандидати. Така што ако тоа се случи и ако стави потпис оваа влада на тој документ треба народот во Македонија и граѓаните да знаат, да, можеби ќе се случи таа прва меѓувладина конференција но никогаш преговорите нема да почнат се додека ние не прифатиме да се асимилираме и како Бугари да влеземе во рамките на ЕУ и да го прифатиме сето она кое што е содржано во резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања