Мицкоски: Без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот под овие околности

Од:

По работниот состанок со претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењето на власта дека референдумот нема да успее истакна дека единствен начин да се види дали ќе успее референдумот е тој да се одржи и да не се бараат изговори формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да им се даде можност на граѓаните да се произнесат.

„Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум да не се бараат изговори, формални, туку да се поддржи оваа иницијатива и да излеземе и да видиме граѓаните дали ќе бидат за она што ние го бараме како одговор на прашањето или против. И од тоа нема поедноставен начин. Така што јас ги охрабрувам еве демократски во насока на европскиот дух, кој што од нивните усти додека крадат не престанува да излегува еве и сега тоа да го направат и второ да ги мобилизираат оние малкумина поддржувачи кои што се уште ги имаат да излезат и да се произнесат во согласност со нивните политики, да бидат против ова наше барање и на тој начин јас сум сигурен дека ќе успее референдумот. Но ќе повторам без разлика на резултатот на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да поддржи промена на Уставот под овие околности тоа го повторувам, без разлика каков ќе биде резултатот на референдумот“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ