Мицкоски: Баш ми е гајле дали Пендаровски ме разбира или не

Од:

При денешната посета на Стопанска комора на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што претседателот Пендаровски вели дека не ги разбира аргументите на ВМРО-ДПМНЕ зошто се против уставните измени истакна дека претседателот Пендаровски во моментот коленичи за да добие втор мандат и за да биде поддржан од СДСМ и од ДУИ, а важно за ВМРО-ДПМНЕ е тоа што повеќе од 80 проценти од граѓаните разбираат и се против уставните измени.

„Ние го разбираме претседателот Пендаровски, затоа што претседателот Пендаровски во моментот, коленичи за да добие втор мандат и да биде поддржан од СДС и ДУИ и мисли дека на тој начин ќе биде повторно избран, што мислам дека му е погрешна проценка и само го губи својот образ и човечко достоинство, но, тој нека продолжи да коленичи, нас ни е важно дека сме разбрани кај повеќе од 80 проценти од граѓаните во Македонија, а дали Стево Пендаровски не разбира, тоа е негов личен проблем и можам да ви кажам дека и воопшто не ми е гајле дали Стево Пендаровски не разбира или не“ нагласи Мицкоски.

Сешто ветуваат за да се додворат пред странице и кога не можат да испорачаат велат „Видете со опозицијата’ вели Мицкоски во однос на уставните измени.

„Сега е доцна за такво нешто. Со премиерот Ковачевски сега можеме само да зборуваме за еден консензус, а тоа е предвремени парламентарни избори“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за повикот на премиерот Ковачевски за консензус околу уставните измени.

Зборувајќи за предлогот на Владата за уставни измени, Мицкоски истакна дека тие предлог измени воопшто немаше потреба да се појават во јавноста бидејќи првиот чекор за уставни измени е утврдување на потребата за отворање на уставот за што е потребно двотретинско мнозинство и доколку нема, тука завршува постапката.

„Прво, треба јавноста дса знае, а ние како политичка партија тоа многу пати сме го повториле во минатото е дека воопшто сега немаше потреба предлог текст да се појавува во јавноста, бидејќи првиот чекор за кој што се потребни 80 пратеници е чекор во којшто се утврдува потребата за отворање на Уставот и доколку нема двотретинско мнозинство, 80 претеници, тука завршува. Доколку има двотретинско мнозинство, тука влегуваме во вториот чекор каде што е потребно просто нозинство или 61 пратеник и каде што веќе треба да се рзговара по суштина, односно по текстот на предлог амандманите за промена на Уставот“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека на овој начин владата и Ковачевски ја прават третата суштинска грешка после тајните преговори со Бугарија и влегувањето во процес на прифаќање на францускиот предлог без политички и општествен консензус.

„Воопшто сега немаше потреба ова да се случува. На тој начин оваа влада и Ковачевски и останатите направија трета по ред суштинска грешка. Првата суштинска грешка беше што за првпат на политичката сцена влегоа во процес во кој што немаат политички и општествен консензус,а тоа беше кога тајно договараа и преговараа со Бугарија и тогаш како резултат на тие тајни преговори и договори излезе таканаречениот француски предлог. Второ, влегоа во процес на прифаќање и покрај тоа што јасен беше ставот на најголемата политичка партија и на огромното мнозинство граѓани дека тие немаат политички консензус и немаат општествен консензус. И сега трет случај е овој каде што без никаква потреба излегуваат во јавност со предлог текст“, истакна Мицкоски и додаде:

„Колку побргу оваа политика и овие политичари престанат да функционираат на македонската политичка сцена, толку побргу ќе излеземе од ова сивило и ќе имаме одредена предвидливост затоашто идната влада на ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали се работи за национално прашање, дали се работи за прашање во делот на економијата, даночна реформа или друг тип на прашања, никогаш нема да влезе во суштинска расправа без да има политички консензус, ако е за тоа потребно и општествен консензус“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Катерина Ѓуровски