Мицкоски: Ако СДСМ најде макар една изјава во која ги нарекувам докторите убијци, ќе се извинам, во спротивно Заев да се извини

Од:

„Разбирам дека во СДСМ има многу проблеми, разбирам и дека немаат резултати со кои ќе се пофалат, но не ја разбирам нивната потреба со лаги да го покријат сето ова. Во наредните 24 часа нека најдат макар една изјава од мене или од било кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ каде докторите се нарекуваат убијци и јас сум спремен да се извинам, во спротивно очекувам Зоран Заев да излезе и да се извини поради таквите лаги на грбот на лекарите“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ.

„Не ги бранат тие лекарите, се бранат себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините… Знаат Заев и Филипче, знаат, и затоа се бранат себе си.

И сосема на крај да посочам дека и мојата мајка е доктор, оттука е и сосема неприродна ваквата лага на Заев. Проблемите во СДСМ не се проблем и на државата и народот“, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ