(ВИДЕО) Мицкоски: Ако има амнестија, тогаш за сите, не само за „слугите“ со крената рака

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара доколку има амнестија, тогаш таа треба да важи за сите обвинети за 27 април, а не само за тие што гласале за уставните измени.

-Донесете закон за амнестија за сите учесници од 27 април, за да има неселективна правда, а не само неселективна правда само за оние кои вам ви слугуваат. Дел од структурите кои се опфатени со прогонот на власта, решија да одиграат валкана работа за оваа власт, рече тој.

Мене ме обвинуваа дека се борам и барам амнестија, а сега кога тие тоа го предлагаат било простување, рече тој.

-Имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта, но и од наши редови кои влегоа со лични аранжмани. Кога ги гледам оние точки и барања со кои ќе ги подобреле уставните измени само ми ја зголемуваат тагата. Не се залажувајте , знаеме дека се работи за вашиот личен интерес и не можам да го толерирам тоа што се случува. Власта сака да донесе селективна правда која е неправда, рече тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител