Мичел: САД водат тивка дипломатија во решавање на спорот со името

Од:

Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

– Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашање, а САД продолжуваат да играат тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името, за да ја видиме Македонија како членка на НАТО, рече Мичел во обраќањето на Херитиџ фондацијата, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.

Истакна дека САД на овие области на дневна основа трошат време и енергија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан.

– Мислам дека за некои од овие проблеми, што се влечат многу одамна, не очекувам да ги видам целосно решени во скорешно време, но мислам дека правиме добар напредок, оцени помошникот државен секретар за Европа и Евроазија.

Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон претходно изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името.

– Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност, истакна Хачинсон на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Би можело да ве интересира

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Земјите од Персискиот Залив наводно бараат од Израел и САД да продолжат со нападите врз Иран

Горан Наумовски

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“