Мичел: САД го зголемуваат ангажманот на Западен Балкан

Од:

САД го зајакнуваат ангажманот на Западен Балкан, изјави помошникот на американскиот државен секретар Вес Мичел пред Сенатот, кој расправаше за американската политика во Европа.

– Преку активна американска дипломатија и блиска соработка со Европска унија, поддржавме лидери визионери – (грчкиот) премиер Ципрас и (македонскиот) премиер Заев во постигнување на историски успех во спорот на двете земји за името. Ја интензивиравме комуникацијата со Србија и Косово. Промовираме и реформи во Босна и Херцеговина, истакна Мичел во обраќањето пред членовите Поткомитетот за Европа и регионална безбедносна соработка, Надворешнополитичкиот одбор на Сенатот.

Тој посочи дека е загрижен за протестите во Грција и во Македонија и од потенцијалното руско мешање по решавањето на деценискиот спор за името.

– Загрижен сум поради протестите и потенцијалното руско мешање. Тоа во видовме во Црна Гора, руски претставници даваа заканувачки изјави и мислам дека во Македонија има шанси Русите да се обидат да се вмешаат. Работиме на зајакнување на македонските институции, имаме одлична безбедносна соработка. Покрај тоа, познати ни се и руските методи. Очекуваме формалните процедури во Грција и во Македонија да завршат и НАТО да упати покана за членство на Северна Македонија на Самитот во јули, посочи Мичел.

Американскиот дипломат истакна дека Вашингтон утврдува и стратегија за намалување на американското присуство во Источен Медитеран.

– Работиме на тоа Грција да биде столб на стабилноста во Медитеранот и на Западен Балкан, посочи Мичел.

Тој оцени дека Европа денес е повторно „сцена“ на сериозни стратешки натпреварувања и се соочува со притисоци на повеќе фронтови – стратешки кампањи на Русија и на Кина, рекордни бранови мигранти, иранските амбиции во Источен Медитеран и криза на доверба во европските институции.

– И Русија и Кина сакаат да го скршат Западот: Русија сака да го подели, а Кина да го истисне. Посебно се агресивни во Централна и Источна Европа. Нашиот прв приоритет е да ја сузбиеме руската агресија. Во изминатите години, реваншистичкиот Кремљ се обиде насилно да ги прекрои границите, заплашувајќи ги и напаѓајќи ги соседите, покрена кампања за ширење дезинформации и кибер кампања против Западот и трупаше воени сили на зашпадните граници, истакна Мичел.

Тој додаде дека САД сакаат подобри односи со Русија, но тоа ќе се случи само ако Москва го смени своето агресивно однесување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американскиот Сенат гласаше за крај на најдолгата блокада на владата

ВИДЕО: Заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД, сенатот постигна договор

Илјадници откажани и одложени летови во САД поради затворањето на владата

А1он

Карибите на работ на војна; Путин му испраќа оружје на Мадуро – САД подготвуваат одговор

ВИДЕО: Америка драстично го намалува бројот на летови, владината блокада влезе во нов рекорд

ВИДЕО: Блокадата на федералната влада на САД е најдолга во историјата, можно затворање на дел од возхушниот простор

Катерина Ѓуровски