Мицевски: Во Собранието да дојдат Заев, Димитров и Османи и да реферираат за македонските црвени линии и за што се преговара

Од:

„Денес не е ден кога треба да се зборува за други теми во Собранието на Република Македонија.

Денеска е ден за протести и будење на Македонија.

Македонија не задолжила сите и македонци и турци и албанци, бошњаци, срби, роми и сите останати граѓани на нашата земја.

Вчера беше понижувачки ден за македонскиот народ, македонската држава и македонските национални интереси.

Вчера беше ден кога целата македонска јавност беше сведок на најсервилното интервју во изминативе триесет години од било кој политичар“, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој досега на ваков начин не ја клекнал на колена Македонија и македонскиот народ.

Вчера Зоран Заев ја понижи Македонија. Вчера Зоран Заев наместо македонските интереси ги застапуваше бугарските интереси и со полно право нашиот народ е бесен и се чувствува понижен.

Денес е ден кога приоритет треба да бидат македонскиот народ и Република Македонија кои што како никогаш досега се загрозени од овој човек кој што е спремен на се, на штета на националните интереси.

Денеска треба да се повикаат во Собранието Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи, ако треба и на затворена седница, да се поразговара за македонските црвени линии и да бидеме информирани како пратеници што е тоа што преговара и што се е спремен Зоран Заев да продаде од македонската држава.

Дополнително, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ повикуваме денеска, македонскиот народ да се обедини на над партиски протест со почеток од 18:00 часот од СЦ „Борис Трајковски“ кој ќе заврши пред Владата, заради пандемијата со КОВИД 19 , замолуваме на почитување на мерките и протоколите за заштита“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски