Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка да се изгласаат законите поврзани со пандемијата

Од:

На денешната седница во Собранието во своето обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат целосна поддршка на законите поврзани со ковид пандемијата.

„На денешната седница број 39 покрај многуте законски решенија има неколку закони кои што се директно поврзани со КОВИД пандемијата. Точката број 20 предлог законот за гаранција на Република Македонија за обврските за финансиски договор со КОВИД-19 одговор на Северна Македонија и развојната банка на Република Македонија АД Скопје, 21 точка предлог законот за изменување на дополнување на законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона пандемијата, за откупот на грозје и винската индустрија по скратена постапка исто така 29 точка предлог закон за изменување на законот за добивка кој што е поврзан со зголемување на износот на прекршок за платени лабораториски тестови за КОВИД-19 да бидат признати во расходот на даноци, овие три закони се поврзани со КОВИД пандемијата и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како за овие закони така и за сите досегашни пакети на мерки се изјасни дека ќе даде поддршка и максимално ќе ги поддржи“, истакна Мицевски.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски упати апел до претседателот на Собранието во иднина точките кои не се поврзани со КОВИД пандемијата да се ставаат на посебни седници за да не се прави театар од Собранието.

„Меѓутоа вие продолжувате овие законски решенија да ги вметнувате со други закони кои што немаат никаква поврзаност со ова или пак закони за прекршоци кои што немаат допирна точка. Затоа ве молам да ја организирате оваа институција, вие сте претседател овие точки да ги ставате на посебни седници па макар биле и со една две три точки. Како не би го дозволиле овој театар тука и да го претставувате како грешка на опозицијата. Да бидат точки на дневен ред, да бидат поддржани од опозицијата и истите овие законски решенија да бидат изгласани“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат во салата да дадат поддршка на законите поврзани со пандемијата.

„Дополнително точката број 25 која што се однесува на законот за здравствена заштита закон кој што во најавата од владата имаше максимална партиципација од 5 илјади евра додека сега гледаме дека има нова состојба односно референтните цени и се разликува од првичната најава која што ја даде владата. Би сакал да кажам дека иако се работи за граѓаните најавуваме наш предлог на законот за надополнување на законот за здравствена заштита во кој што ќе имаме четири цели. Да се изедначи плаќањето на јавното и приватното здравство во време на криза за пациентите од КОВИД- 19, вториот столб пациентите што се повеќе од 60 дена на листата на чекање за било каква здравствена услуга да можат да се лекуваат во приватни здравствени установи по цени како во јавното здравство, третиот столб односно ПЦР тестовите да бидат бесплатни и пациентите кои што се лекуваат од КОВИД лековите и витаминската терапија да бидат по референтни цени кои што ќе ги утврди фондот, и четвртиот столб односно рефундирање на средствата на лица кои што се на лекување до сега во приватните здравствени установи по одреден процент односно по методологија кои што ќе ги направи министерството за здравство и владата“, нагласи Мицевски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања