(ВИДЕО) Мицевски: Власта се изживува врз опозицијата

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на седницата на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која се одлучува за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, посочи дека во овој парламентарен состав осми пат власта бара симнување на имунитет на опозициски пратеник.

„Тешко е да се биде опозиционер со ваква власт. Пратениците добро да размислат пред да гласаат. Да му дозволиме на колегата да се брани од слобода. Не може во сабота експресно за ова да одлучуваме. Ова е претстава во отсуство на резултати. Власта се изживува врз опозицијата“, рече Мицевски.

„Колегата Димовски достоинствено присуствуваше и редовно се појавува секаде. Не знам како може да избега, ако сакал можеше и до сега. Обвинението за потешко дело ‘тероризам’ за Димовски, го почитуваше и редовно се појавуваше на сите судски процеси и рочишта. Укинувањето на имунитетот ќе биде негова неможност да се брани за слобода. Барам да преовладее свеста, за Димовски да ја докаже невиноста“, додава тој.

Мицевски смета дека Собранието се претвора, во како што вели, една монструозна институција каде пратениците си судат меѓу себе.

„Претходно исто вака земавме имунитет на колеги пратеници, па сега тие се на слобода. Одземањето на имунитетот е исто како ние да го судиме човекот“, вели Мицевски, кој додава дека ова е уште еден театар за јавноста приреден од власта оти тие немале конкретни проекти.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик