Мицевски вети изградба на пречистителна станица во Крива Паланка

Од:

Како иден градоначалник, еден од моите приоритети ќе биде залагање за заштита на животната средина и рационално искористување на водата за пиење, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од СДСМ.

Тој истакна дека отпадните води кои директно се испуштаат во Крива Река го загрозуваат животинскиот и растителниот свет.

– Отпадните води кои се испуштаат со наводнувањето на плодните површини прават деградација на почвата.Во мојот мандат предвидувам изградба на Пречистителна станица за отпадни води.

Сега е вистинскиот момент за една капитална инвестиција која ќе има значајна улога во заштитатa на животната средина, додаде Мицевски.

Најави и дислокација на веќе исполнетиот капацитет на гратската депонија во село Конопница.

– Со дислокација на депонијата ќе се спречи загадувањето на амбиенталниот воздух и водите на Крива Река. Сите нови градби ќе бидат по европски стандарди и со енергетско ефикасни фасади, дополни Мицевски.

Тој најави инвестирање во нови паркови и зелени површини и забавни катчиња за најмладите, како и целосна замена на азбестните цевки и редовна контрола на квалитетот на водата за пиење.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски