А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицевски: Прв случај на заболен од коронавирус во Крива Паланка, граѓаните да не создаваат паника, туку да ги почитуваат препораките

by А1он30/03/2020 - 19:3230/03/2020 - 19:38684
Share0

Првиот официјално потврден пациент со Ковид -19, жител на Крива Паланка, е машко лице на возраст од 76 години, а дијагностициран е во текот на денешниот ден, за време на неговиот престој во државниот завод за рехабилитација „Козле“ во Скопје, информира градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на прес-конференција за медиумите,

Добивај вести на вибер

Мицевски порача граѓаните да не создаваат паника, туку доследно да ги почитуваат сите мерки и препораки до Владата и Министерството за здравство, бидејќи само така ќе бидеме сигурни дека вирусот нема да се рашири.

-Во текот на денешниот ден добив информација дека го имаме првиот случај на заразен со Ковид-19, но сакам да упатм апел и смирувачки тон по однос на овој прв случај. Според моите информации, лицето е на возраст од 76 години и првпат заминал во „Козле“ на 9 март 2020 и таму престојува се до денес, кога му е дијагностициран и вирусот. Таму престојувал на болничка терапија и третман и во текот на престојот во заводот за рехабилитација му се јавиле симптомите, кои се претпоставува дека ги добил во тек на престојто на лекување. Од неофицијални информации, лицето оттаму веќе треба да е префрлено на клиниката за инфективни болести, информира Мицевски.

Истакна и дека во текот на денот општинскито кризен штаб стапил во контакт и со најблискиот круг на семејството, од каде истакнале дека во изминатиот период од неговиот престој во „Козле“, 9 март, досега, никој, ниту од неговото семејство, ниту останати блиски оствариле каков било контакт со сега заболениот.

–Простор за паника нема, но во секој случај, ние како служби, но и вие како граѓани и сите поединци, треба да останеме во целосна мобилност по однос на превенција и заштита од Ковид-19, додаде Мицевски.

Општина Крива Паланка, информира градоначалникот, во соработка со ОО на Црвен крст и останатите служби, во изминатито период ги превземаа сите неопходни мерки за справување со вирусот.

koronavirus mkdkriva-palanka

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:45

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

Горан Наумовски09/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен