Мицевски: Парламентарното мнозинство и Заев ја штитат Јанева од разрешување

Од:

„СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева.

Покрај тоа што Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред разрешување на осомничената Катица Јанева, таква седница се уште нема.

Согласно извештајот на Советот за јавни обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Катица Јанева досега требаше и мораше да биде разрешена. Собранието е должно да постапи врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители и по предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувања и да го утврди предлогот за разрешување во најкраток можен рок.

Секое одлoжување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.

Намсто да биде разрешена, осомничената Катица Јанева сеуште дава наредби од притвор“, рече Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од очигледна е намерата на парламентарното мнозинство и Зоран Заев да ја заштитат Катица Јанева од разрешување. Бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси.

СДСМ и Зоран Заев од ден на ден се повеќе и повеќе тонат во своите криминали.

СДСМ и Зоран Заев се плашат да ја разрешат Катица Јанева.

Во медимуите секојдневно има нови информаци за вмешаноста на високи партиски функционери на СДСМ во најголемата криминално-рекетарска афера „Рекет“.

Тоа е и причината зошто Катица Јанева сеуште не е разрешена.

Намерата на СДСМ и Зоран Заев е Катица Јанева да не биде разрешена, за незаконско, нестручно и нсовесно работење туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот.

Планот за спас на Катица Јанева нема да успее. СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева.

Уште еднаш апелираме до пратениците од парламентарното мнозиснтво да престанат со купување на време и со тактизирање и веднаш да биде разрешена осмничената Катица Јанева со цел да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител“, изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО