Мицевски: Падна Катица, падна Заев, на 12 април паѓа и СДСМ

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на седницата рече дека очекувал премиерот да ја образложи оставката.

– Рече дека ќе владее девет години и три месеци, но на две години и седум месеци и четири дена констатираме оставка на тој истиот човек. Денес е денот кога Македонија и македонскиот народ ќе се ослободи од најнеспособната, најкорумпираната, најнеспособната и најкриминалната власт која ја имала, Денес е денот кога Македонија ќе се ослободи од премиер на којшто лагата му е второ име…, рече, меѓу другото, Мицевски.

Според него, добра вест во 2020 е што времето на Заев и на СДСМ заврши.

– Падна Катица, падна Заев, на 12 април паѓа и СДСМ, рече Мицевски.

Реплицирајќи му, Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ рече дека опозицијата јавно признава дека се плаши од Заев.

– Судбината ви е таква. Зоран Заев е претседател на СДСМ и таа е вашата судбина, и од судбината нема бегање. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја научи лекцијата и од изминатите години, а покажа и од пред неколку дена и мисли дека со обични лаги и измислици и натаму може да го манипулира својот народ. Во лицата ви се познава дека и вие сами не верувате во тоа што го кажувате, рече Митревски.

Според него, македонските граѓани не се наивни и знаат со кого си имаат работа.

– Свесни сте дека Мицкоски и тоа раководство околу него се уште се директни извршители на наредбите на Никола Груевски, рече координаторот на СДСМ.

Денешниот ден, според Митревски, е само најава за уште една победа на СДСМ и Зоран Заев и дека Македонија ќе биде европска држава.

Во рамки на 127. седница констатирана е оставката и на пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски, која ќе биде дополлнителен заменик министер за администрација и информатичко општество од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери претпладнево соопшти дека оставката на Заев ја доставил до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му го врачи мандатот на Спасовски. Тој, пак, до Собранието треба да достави состав на новата техничка Влада и програма за работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски