Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Од:

Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јане Мицевски.

Кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски е десната рака на Заев во изборната шема за купување на гласови во Струмуца во 2014 година. Гласачите кои одлучиле да соработуваат биле плаќани, за секој глас поединечно, од 10 до 25 евра, во две менувачници раководени една од Вице Заев, а другата од Марјан Даскаловски со назив „Даскал“. Истото е и со кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, пратеник од СДС, кој ги гласаше сите штетни договори на Заев и Ковачевски во Собранието. И додека извршуваше наредби на СДС, Костовски си ја вработил сопругата во МНР тогаш управувано од Бујар Османи, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела