Мицевски: Избегнувањето на дијалог е една од причините за поднесувањето на трите илјади амандмани за Деловникот

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека трите илјади амандмани поднесени за дополнувањето на Деловникот за работа на Собрананието се само крик на опозициските партии во однос на она што власта сака да го демонстрира во Собранието, а тоа е нивно непочитување и неразговарање.

-Избегнувањето на дијалог со сите политички партии е една од причините поради која што ги има овие 3000 амандмани покрај неуставноста на самото законско решение за измена Деловникот, рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и Левица поднесоа над 3.000 амандмани за Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, со којшто треба да се овозможи пратениците со Ковид-19 и во самоизолација да се изјаснуваат на пленарните седници и на работните тела. Амандамните се дадени на превод на албански јазик и не се знае кога може да се очекува да се одржи следното заседание на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања.

-Јас очекував да седнеме и да поразговараме за оваа онлајн идеја која што ја турка владеачкото мнозинство имајќи во предвид дека Собранието е функционално. Ние во Парламентот имаме минимум 115 пратеници кои се секогаш присутни на седница, кои што може да разговараат и дискутираат за се, рече Мицевски.

Тој го повтори ставот дека единствената причина поради која што се бара ова онлајн Собрание е малиот број пратеници од владејачкото мнозинство.

-62 пратеници е далеку од функционално мнозинство кое што би можело да работи без да се усогласува по однос на законите и она што доаѓа како материјал во Собранието со опозицијата. Да не заборавиме дека 58 пратеници од опозицијата претставуваат повеќе од пола милион граѓани на оваа држава и тие пола милион граѓани кои што го дале гласот за опозицијата очекуваат нешто од таа опозиција и се на ставовите заедно со опозиционите партии, рече Мицевски.

Според него, владејачкото мнозинство немало слух и предлогот бил поднесен без консензус, а потсети дека во рамки на процесот „Жан Моне“ одлуките се носат консензуално.

-Инаку, знаете дека Жан Моне процесот е процес во кој што консензуално се договараат одредени измени по основ на Деловникот и ние постигнавме некој напредок и се надевам дека на следниот „Жан Моне“ и оние мали несогласувања ќе ги усогласиме за да можеме да имаме еден Деловник кој што ќе одговара и на власта и на опозицијата, рече координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови