Мицевски: Институциите ќе бидат сервис на граѓаните

Од:

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ, Борјанчо Мицевски порача дека ќе се залага институциите да бидат сервис на граѓаните.

– Ќе ги олесниме процедурите за добивање на најразлични документи и одобренија што им се потребни на граѓаните, а по 15 октомври веќе нема да им треба некој пријател за да ја завршат потребната работа. Ќе воведеме ИСО стандарди за професионализација на општинската администрација, стандарди кои ќе осигураат квалитет на обострано задоволство, и на граѓаните и на административците. Нашето мото е задоволен работник – зголемена продуктивност, изјави Мицевски.

Посочи дека се планира и воведување на систем на мотивација за вработените за дополнително да се зголеми квалитетот на услугите.

– Едношалтерскот систем ќе функционира онака како што е неговата намена. Ќе отвориме канцеларија „Мој администратор” којашто ќе нуди информации за административните процедури и ќе помага во пополнување на документите со цел граѓаните да можат без проблем да ги завршат своите потреби, рече Мицевски.

Најави дека ќе се зајакне и улогата на месните заедници со цел полесно да се пренесуваат идеите на граѓаните до локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори