Мицевски: Циркузот во Собранието продолжува и денес, а главните актери од власта очигледно имаат големи проблеми

Од:

„Циркузот во Собранието продолжува и денес, а главните актери од власта очигледно имаат големи проблеми. Веќе два дена Собранието на Република Македонија е заложник на власта и мнозинството. Веќе два дена Собранието не може да започне со работа по 88-та пленарна седница, наоѓајќи разно-разни изговори зошто истата се’уште не е започната“, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Втор ден власта и мнозинството си поигруваат со пратениците, со Собранието како институција, но најмногу со граѓаните бидејќи токму тие очекуваат парламентарното мнозинство да биде овде во Собранието на своите работни места, да работат и да носат законски решенија во корист на граѓаните.

Очигледно, за мнозинството не се важни ниту мерки, ниту закони, туку најважни се меѓупартиските и тесно-коалициските комбинации и пазарања.

Изминатиов период се изнаслушавме и обвинувања и изговори дека работата на Собранието е блокирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но вистината е една и јасна како бел ден, а тоа е дека токму двоецот СДСМ-ДУИ и нивните пратеници се главните кочничари и причинители за неработата на Собранието.

Оттука, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, ги повикува власта и нејзините пратеници да престанат да си поигруваат со трпението на граѓаните, да се вразумат и конечно да почнат да се однесуваат одговорно и да работат во интерес на граѓаните. Тоа е најмалку што можат да го направат во овие тешки мигови, како за граѓаните, така и за државата во целост“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски