Мицевски: Бараме јавен обвинител на предлог на опозицијата кој вистински ќе се бори против неправдата, криминалот и корупцијата

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ најостро го осудува монтираниот политички процес во кој се кршат закони, покренуваат истраги, одземаат имунитети на пратеници. Брутално се гази демократијата, се кршат процедурите. Имаме беззаконие под плаштот и маската на наводно законие. Вистински деспотизам, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„За само неколку месеци во ова Собрание се спроведуваат 7 постапки за одземање на имунитет на пратеници и уште едно кое е во најава. Сите пратеници доаѓаат од опозицијата. Ова не може да се сфати никако поинаку освен за политичка пресметка со опозицијата. Се обвинуваат пратеници за измислени дела, за тешко дело тероризам кое во реалноста не постои. И ова се прави во пресрет на претседателски избори и тука е јасна намерата. Не е тука желбата да се стигне до правдата тука е желбата да се пресмета со опозицијата, затоа што знаат дека губат, драстично ја губат поддршката од народот и на овој начин ги прикриваат сите криминални и коруптивни афери. Ова е паничен потег, чекор на страв од пораз“ рече Мицевски.

Според него, правото и правната држава се газат и обликуваат според оние кои раководат со власта. Неправдата, вели тој, не смее да остане неказнета, а криминалните афери се редат.

„Ако сакаат правна држава и владеење на правото, еве пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бара Државен јавен обвинител на предлог на опозицијата, што и беше ветување на самата власт“ рече Мицевски.

Тој нагласи дека во една ваква недемократска атмосфера која директно го руши и предизборниот амбиент пратеничката група нема да ги поддржи системските процеси и законите додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата за испитување на сите криминални и корупциски афери.

„Бараме јавен обвинител на предлог на опозицијата кој вистински ќе се бори против неправдата, криминалот и корупцијата. Еве им шанса да докажат за каква Македонија се борат. Ваков предлог поднесовме во јули 2017 година. И ваков предлог пред парламентарните избори имаше и сегашната власт. Имаме директно рушење на предизборниот амбиент. Делувањето на власта преставува директна закана за легитимноста на изборите“ истакна Мицевски.

Денешното образложение за приведувањето на Велјановски, Јанакиески и Ристоски, според Мицевски е бедно и недостојно за која било држава во која што би требало да владее правото и правдата. Според него срамно е да се притворат луѓе без ниту еден аргумент, со образложение дека доказите не смееле да се кажат заради истрагата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов