МФ: Општина Центар да не го злоупотребува Министерството за политички маркетинг

Од:

„Во однос на обвинувањата од општина Центар дека Министерството за финансии не врши поврат на средства на општината, прашуваме – дали во општина Центар има правници за да му ја објаснат процедурата за поврат на средства на градоначалникот на општината? Пред три работни дена од страна на општината до Министерството за финансии е поднесено барањето и банкарска сметка за извршување на поврат на 25 милиони денари. За да се исплатат овие средства Министерството треба да донесе решение за поврат, кое е во тек.

Очигледна е тенденцијата на општина Центар да го злоупотребува Министерството за финансии за политичка пропаганда. Истото го направија и со училиштето во Капиштец – на одобрен кредит од страна на Министерството за финансии, градоначалникот даваше изјава дека Министерството за финансии не одобрува кредит за училиштето.

Општина Центар да не го злоупотребува Министерството за финансии за политички маркетинг. Тенденцијата е очигледна“, се вели во реакцијата на Министерството за финансии.

 

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ