А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МФ: И покрај ребалансот, историски највисоки 568 милиони евра за капитални инвестиции

by А1он28/06/2016 - 17:02132
Share0

Предлог-ребаланост е јавно достапен документ и секој кој ќе го отвори може да види дека во него се издвоени значителни средства за капитални инвестиции во инфраструктурата, во образованието, здравството…, соопшти Министерството за финансии, како реакција на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов.

Добивај вести на вибер

– Во Македонија никогаш досега не се инвестирало толку во инфраструктурата. Во моментов се градат три автопати, а се работи на реконструкција на две автопатски делници. За Демир Капија-Смоквица поради подобрата динамика на реализација се издвоени и дополнителни средства. Со ребалансот се предвидени дополнителни средства и за гасификацијата. Издвоени се и значителни средства за клиниките во Скопје и Штип, за болниците во Тетово и Кичево, за ПЕТ центарот, за реконструкција на 20 јавни здравствени установи, за изградба на амбуланти во јавни средини, за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, за изградба на ученички домови, за изградба на студентски домови, за изградба на системи за наводнување, за рурален развој итн, стои во соопштението.

Министерството за финансии потенцира дека ниту еден капитален проект со ребалансот не е скратен туку напротив, сите продолжуваат.

– Македонија во првото полугодие од годинава имаше два обиди за одржување на избори. Во предизборен период согласно Изборниот законик не може да се реализираат капитални проекти. Но и покрај тоа, и со ребалансот, капиталните инвестиции остануваат на историски највисоко ниво. За споредба, ако во 2006 година за капитални инвестиции беа издвоени 156 милиони евра, во 2016 година зборуваме за 568 милиони евра-со ребаланс, наведуваат од финансии.

Што се однесува до кратењето на средствата на Државната изборна комисија, се потенцира дека кога се правеше Буџетот за 2016 година и кога беше усвоен во Собрание, во Изборниот законик имаше датум за избори.

– Јавноста е запознаена под кои околности се откажаа изборите, па се презакажаа за јуни, па повторно се откажаа на неодредено. Доколку се закажат по трет пат годинава, ќе се обезбедат средства за спроведување на истите, се посочува во соопштението од Министерството за финансии.

finansii

Би можело да ве интересира

„Фич“ ја оцени Македонија со кредитeн рејтинг „BB+“

Горан Наумовски20/09/2025 - 11:38

Јанкуловски: Предложените измени на Буџетот за 2025 година се потврда за неопходноста од консолидација со јавните финансии

Горан Наумовски02/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски19/04/2024 - 13:0019/04/2024 - 15:03

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски09/02/2024 - 10:4109/02/2024 - 11:12

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ04/01/2024 - 12:3104/01/2024 - 12:41

Ангеловска: Буџетот на Здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Ландов12/03/2020 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен