А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мета во Пустец: Македонец ќе има и во претседателскиот кабинет

by А1он14/06/2017 - 17:22159
Share0

Социјалистичкото движење за интеграција, (ЛСИ) гарантира претставување на македонската заедница во следниот парламент, следната влада, регионалната власт овде во Корча. Во исто време јас ви гарантирам дека ќе имате претставник од вашата заедницата и во мојот претседателски кабинет, а како шеф на државата ќе се грижам за сите ваши проблеми, им порача на Македонците на изборен собир во Пустец, Илир Мета, новоизбран претседател на Албанија и екс лидер на ЛСИ.

Добивај вести на вибер

Поздравувајќи ги на македонски јазик, Мета рече дека задоволство му е што е тука меѓу, како што рече, прекрасната македонска заедница и вети немешање во внатрешните работи на Македонија и примена на повисоки европски стандарди за сите граѓани без разлика на етничката припадност.

– Ние нема да дозволиме со краткотрајни и авантуристички игри да се провоцираат односите со соседите, со Македонија, со Грција и со Црна Гора, со Косово и со било кој друг. Ние не се мешаме во внатрешните работи во Македонија, ниту сакаме тие да се мешаат во внатрешните работи на Албанија, но и тие и ние имаме обврска да применуваме повисоки европски стандарди за сите граѓани кои живеат тука или таму, без разлика на етничката припадност, далеку од секој вид на дискриминација. Како претседател на сите граѓани на Албанија ќе доаѓам тука заедно да ги решаваме проблемите од секој аспект и ќе го помагам негувањето на вашите традиции, фолклор, обичаи, јазик и култура, посочи Мета.

Ги повика Македонците да го дадат гласот за кандидатската листа на ЛСИ на која се наоѓа, како што рече, идниот пратеник Васил Стерјовски.

И тој се обрати пред присутните и посочи дека од оваа коалиција, МАЕИ ќе излезе посилна и Македонците во Албанија и посилни и поинтегрирани.

– И утре кога со подршката на Македонците на нашата коалиција со Социјалистичкото движење за интеграција, ќе бидам пратеник во албанскиот парламент, ќе ја претставувам програмата на МАЕИ, програма која во многу точки се совпаѓа со програмата на ЛСИ, како што се европската интеграција на Албанија, развојот на демократијата, владеењето на правото, развојот на земјоделството, туризмот … Утре кога јас ќе бидам пратеник во албанскиот палрамент, ќе бидите горди дека токму вие со вашиот глас сте помогнале да имате свој преставник Македонец во албанското собрание, порача Стерјовски.

Тој побара од Македонците масовно да излезат на гласање, да не се плашат од никого, и да не потпаѓаат под никави притисоци и лажни ветувања.

Инаку, Илир Мета претседателската функција ќе ја преземе на 24 јули.

albanijameta

Би можело да ве интересира

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Горан Наумовски24/11/2025 - 19:05

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 08:56

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:56

Судија убиен во апелацискиот суд во Тирана

А1он06/10/2025 - 18:1306/10/2025 - 19:43

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он03/09/2025 - 20:29

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 19:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен