(ВИДЕО) Мета: Подобро да го трошиме времето работејќи едни со други, отколку да си судиме за минатото

Од:

Односите меѓу нашите 2 земји не се само од егзистенцијално значење туку се значајни и за нашата иднина во ЕУ. Односите меѓу соседите понекогаш се поедноставни, но ние знаеме да ги искомплицираме. Доколку на луѓето цело време им судиме нема да остане време да ги сакаме, изјави Претседателот на Албанија, Илир Мета, по средбата со Ѓорге Иванов во „Вила Водно“.

-Подобро да го трошиме времето работејќи и поддржувајќи се едни со други и притоа сите да имаме придобивка од оваа соработка и заемно разбирање отколку да си судиме едни на други посебно за прашања поврзани со минатото, рече Мета.

Тој истакна дека Македонија и Албанија можат да преставуваат пример за соработка во целиот регион.

-Со големо задоволство констатирам дека албанскиот фактор во Македонија е ориентиран кон стабилност, соживот и интеграции во ЕУ и НАТО. Исто така сакам да ја изразам мојата гордост од македонската заедница во Албанија заради нивните вредности кои и ги даваат на нашата земја, културно богатсво, традицијата и преставуваат мост што ги поврзува нашите земји, рече Мета.

Тој вели дека сите со нетрпение очекуваат Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и да означи видлив напредог на патот кон ЕУ. Во таа насока Мета рече дека го охрабрува продолжувањето на дијалогот за решавање на проблемите кои ја спречуваат Македонија на овој пат.

-Македонија членка на НАТО преставува успех на целиот регион и фактор на стабилност во ова турбулентно време. Во однос на соживотот во Македонија го поздравуваме напредокот во однос на одредени прашања како прашањето со јазикот и се надевам дека ваков прогрес ќе имаат и другите прашања за подобар сооднос во Македонија, вели Мета.

Мета потврди дека на средбата се разговарало и за подобрување на инфраструктурноста меѓу двете земји со цел да станат уште позначаен фактор во регионот.

-Од посебен интерес е железничкото и енергетсткото поврзување и се надевам дека идната седница меѓу двете влади ќе има амбициозна агенда кои ќе ги покријат сите овие прашања, рече Мета.

Претседателот на Албанија изрази особена благодарност за признавањето на Косово од страна на Македонија за што кажа дека не била лесна одлука, но е значајна и неопходна со цел зајакнување на меѓународната соработка и безбедност.

На новинарското прашање во врска со приведувањето на Едмонт Темелко, Мета изјави дека секој државјанин треба да ги почитува законите на државата на која е жител. Тој искажа загриженост бидејќи се работи за јавна личност во Р. Албанија, се работи за градоначалник, но и за лице кое има лоша здравствена состојба.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски