Место со срце: Нова кампања на СОС Детско село

Од:

Од 27. до 29. декември ќе има 22 локации низ главниот град на Македонија, Скопје, кои ќе се претворат во места каде се негува сржта на празничниот дух, хуманоста и подарувањето радост. Овие локали и ресторани се дел од кампањата „Место со срце“ на СОС Детско село.

Оваа тридневна активност има за цел да се подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. СОС Детско Село е посветено на мисијата „Тополдом и грижа за секое дете“ и секоја поддршка и помош ќе помогне да згрижат повеќе деца и да обезбедиме ниту едно дете да не расте само и напуштено.

Александра Спасевска од СОС Детско село истакнува „Место со срце е само уште едно надополнување на бројните активности кои ги преземаме за исполнување на нашата мисија. Прекрасно е чувството што ваков голем број на ресторани, локали и игротеки се вклучија оваа година. Ова ни дава надеж и мотивација да продолжиме и во иднина да ја водиме оваа кампања. Се надевам дека еден ден сите ќе имаат желба да се вклучат во кампањата и цел град, и другите градови во Македонија ќе прераснат во Место со срце“.

СОС Детско село ги поканува сите кои сакаат да им дадат радост на децата без родители да ги посетат Фурна, Соул Китчен, Пастрмајлија Грил Хаус, Интермецо, Воденица Мулино, Дукат, Бруклин, Чептер, Тренд (сите 4 локали), Плеј Кафе, Имагинариум, Мартини, Мр. Џек, Чардак, Бела Виста, Каса Кубана, Дион, Палма и Сити Хол Центар.Тие се директно вклучени во поддршката на кампањата и може да се најдат според уникатниот брендинг на влезната врата или на следниов линк:

 

Бројот за донација за СОС Детско село е: 143 456

#МестосоСрце и #ТополДомиГрижазаСекоеДете

Би можело да ве интересира

ФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС Детско село

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

Орце Костов

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид