Месечината ќе го затемни Сонцето

Од:

Поголемиот дел од светот денеска, на првиот пролетен ден, ќе може да проследи како црниот Месечев диск накратко ќе го прекрие Сонцето, астрономски феномен што ќе биде видлив и од Македонија.

Затемнувањето на Сонцето во Европа ќе биде делумно, а на некои места како Фарските и Свалските острови ќе има целосно помрачување. Во зоната широка околу 500, а долга 5.600 километри, од северниот Атлантик до Северниот пол, Месечината целосно ќе го покрие Сонцето во период од две минути и 45 секунди, а значително затемнување ќе има и во северна Африка и на југозападот од Азија.

Според скопското Астономско друштво, затемнувањето во Скопје ќе почне во 9 часот и 37 минути, максимумот ќе биде во 10:45, а ќе заврши во 11:56 минути. За време на максмумот ќе се гледаат 43,5 проценти од дискот на Сонцето.

Астрономското друштво препорачува затемнувањето да се гледа со специјални очила наменети за тоа или со маски за заварување со заштитен фактор повисок од 13. Заинтересираните граѓани затемнувањето ќе може да го проследат и од плоштадот „Македонија“ во Скопје со телескопите на Астрономскоото друштво.

Не е препорачливо овој природен феномен да се фотографира со обични апарати без посебни филтри, бидејќи може да дојде до оштетување на чувствителните делови.

Феноменот кога Месечината се спушта на Сонцето последен пат беше на 4 јануари 2011 година, а  следното делумно затемнување што ќе може да се види кај нас се очекува на 21 јуни 2020 година.

Десеттото потполно помрачување на Сонцето во 21. век е најголемо во Европа по она од 1999 година. Според астрономите, следното целосно помрачување на Сонцето во Европа ќе биде на 12 август 2026 година.

Денешното затемнување на Сонцето ќе влијае на електричната мрежа во Европа, особено во Германија заради опаѓањето на производството на струја од соларните извори. Се очекува фотоволтаичните централи да производуваат за четири до шест пати помалку електрична енергија од вообичаеното.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

До вторник сончево и топло до 29 степени

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он