Положани за градоначалник на Струга, Фатмир Бесими за Тетово, Талат Џафери за Гостивар?

Од:

На последниот состанок на Централниот комитет на владеачката партија ДУИ едно од прашањата за кои се разговарало биле престојните локални избори и можните кандидати во дел од општините.

На состанокот кој се одржал во проширен состав присустувале пратеници, министри, градоначалници. На состанокот како што дознаваме не присуствувале актуелните градоначалници на Дебар и Струга, Аргетим Фида и Рамиз Мерко. Како што тврдат наши извори се гласало за можни кандидати за градоначалници на ДУИ, за престојните локални избори кои треба да се одржат во март.

Неофицијално според извори на А1, за Дебар поминал Ружди Љата, актуелен дебарски муфтија, додека за Струга со 20 гласа за и 2 против поминал Азис Положани. За Мерко неофицијално подршката ја дале Рафиз Алити и Гзим Острени.

Она што е сигурно велат партиски извори за А1 дека кандидат на ДУИ во Тетово, ќе биде актуелниот министер за одбрана, Фатмир Бесими, додека во Гостивар Талат Џафери. Неофицијално ДУИ му понудил соработка и коалиција на Фијат Цановски и ПЕИ единствено за Струга.

Цановски неофицијално првично ја прифатил подршката но под услов Мерко да не биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга. Азис Положани неодамна во интервјуто за А1 отворено рече дека има аспирации да биде градоначалник и оти на Струга и требаат нови луѓе со нови идеи. Многу работи во ДУИ ќе бидат познат наскоро со оглед на тоа што велат доброупатени се е можно до последен момент.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски