Мерко: Побарав од Ахмети луѓе од ДУИ да не излегуваат уште сега со своите кандидатури

Од:

Претседателот на партијата е тој кој го има главниот збор за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на Струга рече актуелниот струшки градоначалник на Струга Рамиз Мерко.

„Сум рекол и порано дека за тоа ќе одлучува членството на огранокот во Струга и потоа претседателот на партијата и претседателството. Сметам дека се уште е рано да се зборува за именување на кандидати, бидејќи, ние сме и партија која е на власт и нема потреба да брзаме во ситуација кога дефакто и дејуре актуелниот градоначалник се уште има мандат“, изјави Мерко.

Мерко тврди дека во текот на вчерашниот ден имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Јас вчера се сретнав со Ахмети како што и секогаш се сретнуваме и ние разговарааме за актуелните состојби. Јас побарав од претседателот да не излегуваат самоволно граѓани од мојата партија ДУИ, бидејки во Струга се уште има градоначалник од ДУИ. Тие можат да излегуваат со своите кандидатури тогаш кога за таа работа ќе расправа партијата“, рече Мерко.

Како што А1 објави неодамна, поранешниот министер за образование Азис Положани отворено најави дека е заинтересиран да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга. Главната битка во редовите на ДУИ ќе се води токму помеѓу Мерко и Азис Положани за кого се зборува дека ја има политичката подршка во ДУИ.

„Јас немам потреба да кријам нешто што може да се претпостави, но не инсистирам дека тоа е единствено решение. Мислам дека граѓаните,поголемиот дел од нив според сите анализи чуствуваат дека имаат потреба од нови идеи, дека има повеќе можности отколку што досега се понудени и затоа мислам дека тоа ќе се докаже дали е тоа така во периодот кој следи“, рече Положани за А1.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски